Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека укинувањето на предметот историја не е случајност.
„Случајно е или не е случајно ова што се случува со бришењето на предметот „Историја“? Не е случајно.
Откако гледате дека не можете да ги менувате членовите на Комисијата која преговара за историските настани, најдобро е тогаш да го избришете предметот „Историја“ па тогаш децата нема да учат историја. Или ќе учат некоја енциклопедиска историја. Тоа е најлесно“, рече Мицкоски во гостување на МТВ.






