Мицкоски со остра порака до ЕУ, Брисел, Берлин, Париз, Рим… поради Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на МТВ говорејќи за односите Македонија-Бугарија и нашето пристапување во ЕУ со остра порака до сите инволвирани во процесот вклучително и на европските лидери и земји членки.



“Ако европските бирократи продолжат да стојат на страна и покрај хегемонистичките и големодржавни идеи на Бугарија и не ги почитуваат нашите заложби за Европската унија, тогаш заклучувам дека не споделуваме исти вредности, треба да се европеизираме сами и да чекаме други гарнитури политичари со кои сме на иста линија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Според него „ако нашите партнери не застанат зад моето право на јазик, идентитет, историја тоа значи дека не споделуваме исти вредности“. Мицкоски укажува дека доколку европските партнери сакаат тие треба да и кажат на Бугарија да не споделува вакви хегемонистички и големодржавни идеи и да ја убедат дека Македонија треба да почне преговори.

“Не би сакал да верувам дека овие акробации на Бугарија се за една употреба во насока на тоа што следи кај нив за неколку месеци, а тоа се парламентарни избори”, заклучи Мицкоски.