Кафулињата и рестораните во Србија ќе можат да работат подолго од порано.
Но, без музика, имајќи предвид дека пренесувањето на вирусот е многу поголемо кога луѓето зборуваат погласно, тие се порелаксирани и полесно се пренесува вирусот, изјави д-р Бранислав Тиодоровиќ, член на Кризниот штаб во Србија, пренесува Б92.
Работното време на кафулињата и рестораните, трговските центри, услужните дејности како што се фризери и козметичари, како и на сите продавници, освен за намирници, сега е до 17 часот, а за време на викендите сите тие објекти беа затворени.





