Заев: Канабисот догодина ќе донесе 250.000.000 евра профит

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција ги искажа плановите на Владата за следната 2021 година, меѓу кои е и легализација на канабисот за медицинска употреба, како и декриминализација за мала количина за лична употреба.



„Верувам дека парламентот ќе ги усвои законските измени. Со измените на законот за опојни дроги, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели. Очекуваме преку 250 милиони евра профит за производство на канабис.“, рече премиерот според кој веќе се издздени 59 лиценци за оваа дејност

„Да овозможиме декриманилизација и депанлизиација на канабисот за мали количини за лична употреба. Не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам канабис за лична употреба“, изјави Заев.