Каква е врската меѓу ЕУ санкциите за Русија и ветото за Македонија

Шефот на парламентарната комисија за надворешни работи Антонио Милошоски поставува прашање до премиерот Заев и министерот Бујар Османи зошто Македонија не ја следи Црна Гора која се придружи на ЕУ санкциите кон Русија и Турција и со тоа отвори дилема дали бугарското вето има врска со непочитување на Скопје на политиките на Брисел.



“Испратив две пратенички прашања во пишана форма, до Заев и Османи, и двете поврзани со тоа дали Македонија има усогласена заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ, во однос на европските санкции кон Русија и Турција.

Собранието и јавноста треба да бидат информирани за овие теми во контекст на блокираните евроинтеграции”, пишува Милошоски која ја тагира и канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Вообичаена пракса е земјите кандидати да ја следат заедничката политика на ЕУ особено кога се работи за санкции.

Зошто Македонија не ја следи ЕУ во овој и дали можеби причините се во бизнисот кој со Русија го водат највисоки фигури во Владата власта досега не објаснила.