Царовска доби поддршка од историчарка за “укинување на историја” (ВИДЕО)

Во деновите кога голем број историчари, професори, лингвисти, научници се противат на концептот за реформа на образованието на министерката Мила Царовска која планира да го укине посебниот предмет по историја и оваа хуманистички наука да ја измеша со општествени науки има и историчарка, засега само една, која јавно се согласува овој предмет да стане дел од друг предмет.



Директорката на основното училиште Кирил и Методиј од скопското село Стајковци Анита Анѓеловска која е историчар ја поддржува министерката Мила Царовска во нејзините намери и за тоа снимила видео кое што го споделува и во него поддржаната министерка за образование.

“Концепцијата подразбира унапредување на секој поглед следејќи ги промените на законската регулатива преку концептот за граѓанско образование кој беше претходно изработен. Начелата на основното образование потикнуваат најдобар интерес и целосен развој кај ученикот, еднаквост, достапност, пристапност. Токму овие промени во образованието ги бараат родителите, учениците и наставниците”, вели во видео обраќање Анита Анѓеловска, директорка на ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци”.

Со поддршката од директорката на училиштето во Стајковци за прв пат од почетокот на скандалот со предметот Историја се појавија две страни меѓу историчарите со што се создадоа услови за каква таква јавна полемика која досега се водеше само на линија политика (Царовска и МОН) со науката (историчари, наставници).

Следниот чекор во име на јавната дебата и интерес на јавноста е телевизиите да ги повикаат двете страни меѓу историчарите за да ги чуе јавноста аргументите пред се за ваквиот концепт за историјата, за времето во кое се укинува историја како предмет, за подготовките, за обученост на наставниците и други теми важни за реформите.

Видеото на директорката и историчарка објавено од Царовска

https://www.facebook.com/carovska.mila/videos/1375444912801320/

Најчитана вест

Луксузни апартмани вредни речиси 400 илјади евра

Заев тврди дека му бил од доверба а тој нема одговор за три стана во Скопје