Новинарот Зоран Божиновски една недела чека одговор од вицепремиерот Љупчо Николовски за трите стана што според него се на име на трети лица а всушност се на вториот човек во владата кој е одговорен за борба против корупција.
“Пред една недела го прашав Љупчо НИКОЛОВСКИ, министер АНТИКОРУПТИЧАР, за три станбени единици во Скопје. Не добив одговор!
Вечерва појдов во ФЛАТИРОН (популарно викана ПЕГЛА!), до врата на стан од 120 квм во кој живее Николовски. Не ѕвонев на врата, во изолација е поради корона вирус…
Линк до ПОСТОТ на Божиновски
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10224788710847698&id=1310796194&sfnsn=scwshmo
Од каде му пари за три станбени единици, од скоро 300 квм, е прашање на кое треба да одговори премиерот ЗОРАН ЗАЕВ кој мене ми пишува дека има висока доверба во АНТИКОРУПТИЧАРОТ…”, пишува новинарот Божиновски.
Зошто Николовски или Заев не излегуваат јавно да ги демантираат прашањата на Божиновски засега не е јасно.
Вкупната цена на овие три стана е околу 400 илјади евра сума која што Николовски со неговата министерска плата не можел никако да ја собере за купување на становите.
Николовски пред една недела доби награда од холандска асоцијација но се уште не добил честитка од Холандската амбасада и амбасадор во Скопје за наградата.
Зошто холандската амбасада молчи за наградата на вицепремиерот Николовски






