Ромски активисти против списокот директори именувани од владата

„Дилемата ми е дали СДСМ сака со ова да ги казни Ромите или сака на следните избори да има нула гласови“, пишува на својот фејбук профил ромскиот политички активист Дехран Бислим кој за себе вели дека отворено ја поддржувал СДСМ додека била во опозиција.



Бислим оваа дилема ја објавува на својот профил на Фејсбук а е поврзана со списокот од 67 директори именувани од владата на кој има само една Ромка, директорка на скопската клиника за геријатрија.

Според коментарите на неговиот пост Бислим и другите ромски активисти се плашат дека со намалувањето на бројот на ромски директори и високи функционери во администрацијата ќе се намали и бројот на вработени Роми а дека ќе има и отпуштања на граѓани Роми.

На списокот од 67 директори има еден Ром, дваесетина Албанци , четворица Срби и по неколку Турци и Македонци Муслимани.