Заев во темница, најави ли референдум за “Македонските Бугари”?

Откако официјална Софија објави дека не смее да ја пушти Македонија по патот на ЕУ затоа што со тоа ќе ги загрози македонските носители на бугарски пасоши кои за Бугарија се “Македонски Бугари” премиерот Заев со непромислена изјава која може да се толкува како најава за организирање референдум.



Ако Заев сака да ги праша македонските Бугари што мислат за ставот на Бугарија ќе мора да ги прашува еден по еден или да организира референдум за нив.

Заев кој три години преговара со Бугарија признава дека не знае што бара Софија од Македонија.

“Ако е тоа решение, да ги прашаме македонските граѓани со бугарски пасоши. Ние сме пријатели, јас навистина вчера испратив порака дека треба да го решаваме проблемот кој што не знам кој е проблемот. Претседател сум на оваа Влада, почнаа од долгото – краткото име, дефиниравме дека краткото име е исто што и долгото име Република Северна Македонија, нема никакви територијални претензии, нема да ја нападнеме Бугарија, таман работа, пријатели сме и не само тоа“, изјави вчера Зоран Заев.