Турското малцинство во Бугарија е под влијание на турскиот претседател кој има амбиции да учествува во политичкиот живот, вели бугарскиот претседател Румен Радев по видео-обраќањето на Таип Реџеп Еродган на мрежата Национална конференција на Движењето за права и слободи (МРФ), опозициска партија со голем број етнички Турци во Бугарија.



Ердоган „покажува амбиции да учествува во политичкиот живот на Бугарија и дека тоа е недопустливо“ оценил Радев според кој премиерот Бојко Борисов, близок личен пријател на Ердоган, е каналот на тоа влијание, пренесува бугарската агенција БТА.

Според Радев, обраќањето на Ердоган го доведува во прашање угледот на МРФ како национално одговорна политичка сила.

„ Се надевам дека нема да се вратиме на односите од март 2017 година, кога турските власти отворено се мешаа во нашиот изборен процес. Се надевам дека Турција нема да се меша во следната предизборна кампања “, изјави шефот на бугарската држава за Дарик радио пренесе МИА