„Демек голем патриот и заштитник на македонскиот јазик?!“ – реакција за посетата на Заев на Небрегово

Посетата на премиерот Зоран Заев на родната куќа на кодификаторот на македонскиот литературен јазик Блаже Конески во Небрегово предизвика бура реакции под објавата на Фејсбук-профилот на Владата.



„Премиерот Заев ја посети родната куќа на Конески во Небрегово на денот на неговото раѓање. Животот и делото на Конески се судбински врзани и со раѓањето на македонската државност, со што се исполни вековниот сон на редици и редици генерации кои го негуваа и учествуваа во остварувањето на тој сон во реалност.

Насочувајќи го развојот на македонскиот јазик како современ литературен јазик, Конески ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот национален идентитет. Конески ги поврза стремежите на неговите претходници, Рацин, Мисирков, Миладиновци и многу други преродбеници од 19-тиот и 20-тиот век“, стои во објавата.

Дел од коментарите под неа:

„Демек голем патриот и заштитник на македонскиот јазик?!“;

„Си отишол во погрешно место и си влегол во погрешна куќа и на погрешен човек за тебе, човек со посебни заслуги за македонскиот народ и вткаен во неговата историја! Што бараш таму, што бараат твоите лажни стапки и во таа куќа, а да е жив, па не би те примил и би ти кажал убаво уште во дворот на неговата родна куќа, што се вика МАКЕДОНИЈА!“;

„Одродениов не треба ни да припари таму, а не па да влезе!“;

„Дали се праша кој ја реновира куќата на Блаже Конески за да биде тоа што е денеска и да можеш своето лицемерие да го покажеш, ама народот не пие нафта, сè му е јасно“.

https://www.facebook.com/VladaMK/posts/3682076735184824