Во духот на мултикултурализмот, од 6-то да се изучува албански


Paководителката на секторот за истражување во Бирото за развој на образованието, Ајше Ајрулаи, во синоќешната дебата на „360 степени“ рече дека преку мултикултурализмот во образованието учениците кои се етнички Македонци ќе може да го изучуваат албанскиот јазик како изборен предмет од шесто одделение.



„Ова е една новина со што ќе се даде можност на учениците да го одберат овој јазик како изборен предмет од шесто одделение“, рече Ајрулаи.
Албанскиот јазик и претходно се нудеше како дополнителен предмет, но повеќе факултативно. Сега со новата концепција ќе може да се одбере за изучување како втор странски јазик, после англискиот, како што досега учениците ги бираа германскиот, италијанскиот и слично.