897 години затвор за сериски силувач

Серискиот силувач кој 15 години тероризирал жени во Северна Калифорнија, остатокот од својот живот ќе го мине зад решетки, откако е осуден на 897 години затвор.



Рој Чарлс Валер (60), од 1991 до 2006 година нападнал голем број жени во Калифорнија, упаѓајќи им во домовите, каде потоа ги силувал, јави Си-Ен-Ен.

Неколку од своите жртви тој прво ги киднапирал и насила ги носел до банкомат за да ги ограби.

Валер бил идентификуван според траги од ДНК, а некои од неговите жртви сега имаат повеќе од 80 години.