Ќерката на 41-годишната беровчанка Руменка Довичинска, која пред еден месец почина од компликации од ковид-19 на Инфективното одделение во Штип, а стручниот надзор на Лекарската комора покажа дека била лекувана според предвидените протоколи вели дека не е изненадена:

Извештајот на стручниот надзор на Комисијата на лекарската комора за случајот со 41-годишната беровчанка, Руменка Довичинска, која точно пред еден месец почина од компликации од ковид-19 на Инфективното одделение, покажа дека таа била лекувана според предвидените протоколи.
Оо извршениот стручен надзор Комисијата едногласно констатира дека во конкретниот случај во врска со лекување и третман на Р.Д. терапијата која и е давана на пациентката соодветствува со протоколите за лекување на ковид 19.

Ќерката на Довчинска на Фејсбук, по смртта на мајката објави дека починатата претходно барала помош, кислород, но не добила.
Од Комисија е сугерирано дека е потребно да се воспостави подобра телефонска комуникација, потешките пациенти да бидат сконцентрирани во неколку простории блиску до персоналот за да бидат под постојан надзор, се вели во соопштението од Министерството за здравството.
„Се надевам дека барем тие работи што се спомнати во извештајот, за подобрување на комуникацијата во болницата, за изнаоѓање начин критичните пациенти да бидат поблиску до персоналот со што би биле под постојан надзор, навистина ќе ги спроведат и подобрат во болницата во Штип.
Од срце се надевам дека по овој случај ќе спасат барем некој човек повеќе во таа болница“ , вели Довичинска.






