Се појави нов вид на коронавирус!?

Во Јужна Африка е откриен нов вид на коронавирус, кој ги погодува и помладите, што може да го објасни брзото ширење на инфекцијата во вториот бран, ссоопшти министерот за здравство.



Јужноафриканските експерти го идентификуваа вирусот „вирус 501.V2“ и ја известија Светската здравствена организација (СЗО), се вели во изјавата на министерот Звелини Мхизе.

„Во резултатите во последните два месеци преовладува посебен вид“, рече министерот според кој јужноафриканските лекари забележале дека епидемиолошката слика се менува и дека има сè повеќе млади пациенти без коморбидитети кои развиваат тешка форма на болеста.

Сите индикации се дека „овој нов вид е носител на вториот бран низ кој поминуваме“, додаде министерот.