Aлијанса на Албанците ќе поддржи интерпелација за Димитров

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Селанајави дека во Собранието ќе ја поддржат секоја иницијатива за интерпелација.



„Ненормално е да не гласам за интерпелација покрената од опозициска партија. Ние сме опозициска партија и би требало да ја поддржиме секоја иницијатива за интерпелација“изјави Зијадин Села синоќа на ТВ21.

Како што претходно најавија опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска поднесе предлог за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров со образложение дека го игнорирал Парламентот.