Македонската кошаркарска репрезентација има сериозни проблеми во сите сегменти од играта, а најмногу во одбраната што резултираше со два пораза во двата одиграни меча во претквалификациите за СП. За да и помогне на селекцијата која не привлекува публика и навивачи, а постои „опасност“ следниот противник да има голема поддршка, нашата кошаркарска федерација повлече крајно непопуларен потег и нема да продава билети за клучниот дуел со Косово в сабота. Така за прв пат од осамостојувањето и со скриена, а сепак, евидентна намера да ги „одбрани“ националните кошаркарски интереси, нашите кошаркари нема да имаа прудружба од трибините, во случајов во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.



Од МКФ информираат дека по консултациите со надлежните органи донесле одлука од безбедносни причини да нема продажба на билети, а сите оние кои поседуваат блок-билети (Естонија-Косово) можат со истите да присуствуваат на натпреварот, но ќе бидат прераспределени во блок М15.

МКФ и се извинува на јавноста за ваквиот потег и развој на настаните.