ТВ Сител: Експлозија на „штипскиот кластер“ – неспособната власт да одговара

Невообичаено остар и директен коментар на сајтот на Телевизија Сител за неодговорното однесување на врвот на СДСМ и Владата во врска со Ковид-19.



„Кластерот од корона изборите во Штип експлодираше, Николовски е позитивен, Заев и Владата да сносат одговорност.

Љупчо Николовски, трчајќи да обезбеди победа за доктор Сашко Николов, на изборите на кои немаше противник, и како по тоа му беа инспирација само Николовски си знае, заработи корона.

Орото од корона изборите во Штип заигра во СДСМ. По големата фешта во Штип позитивен на КОВИД-19 е генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Од глава им се удрија сите труби.

„Ситуација е под контрола“ на Венко Филипче стана корона бомба за СДСМ и Владата. Николовски кој е позитивен во неделата беше на орото со Заев и Николов. Заев вчера со Шахпаска отвораше градинка во Ресен, а со Мила Царовска го посети училиштето во Пустец. Сашко Николов по корона изборите беше и во Собранието. Неодговорноста и негрижата на СДСМ резултираше кобно по граѓаните. Над 2.000 граѓани починаа.

Срам е мал збор што може да се каже за политиката која ја води ова неспособна власт. Заев и Владата да сносат одговорност за кластерот од корона изборите во Штип!”, пишува во текстот објавен на веб страна на ТВ Сител.

Најчитано

Царовска доби жешка шлаканица од тие чијашто наука сака да ја елиминира