Чешка е длабоко разочарана што не беше одобрена Преговарачката рамка за Македонија со која требаше формално да започнат пристапните преговори со ЕУ.
Од чешкото МНР за Дојче веле, сепак, објаснуваат дека немаат намера да дозволат да бидат усвоени заклучоците со делот за „погрешното толкување на историјата“ на кој инсистираше Бугарија, а претседавачот Германија ги предложи.
Оттаму велат дека и други држави-членки на ЕУ изразиле загриженост поради заклучоците.
Во Прага сметаат дека билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија треба да си го решаваат двете земји, а не да биде дел од преговорите за членство во ЕУ.
„Нашата улога треба да биде да ги поддржиме со искуството од нашиот сопствен процес на помирување. Подеднакво сме убедени дека може да се најде решение за прилагодување на нивните барања.”





