Германија објави најмногу инфекции со коронавируси во рок од 24 часа



Германија објави нов „рекорд“ на нови случаи на коронавирус, информира ДПА.

Податоците од институтот Роберт Кох покажуваат дека во последните 24 часа се потврдени 33.777 нови случаи.

За 24 часа има 813 починати од коронавирус во петокот, втора највисока бројка од почетокот на епидемијата.

Досега се регистрирани повеќе од 1,4 милиони случаи на Ковид-19 и речиси 25 000 смртни случаи.

Од средата во Германија се воведени нови строги рестриктивни мерки кои ќе бидаст во сила до 10 јануари.

Извесно олеснување ќе има од 24 до 26 декември, за да можат семејствата да го слават Божиќ.