Малески во атак на македонските историчари, битката за Делчев била погрешна

Во текст со наслов „Погрешно толкување на историјата“ Професорот Денко Малески со директен напад и притисок врз членовите на македонската комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.



Малески иако не ги споменува директно, порачува дека историчарите од комисијата водат погрешна битка за Гоце Делчев и против заедничката историја со Бугарија.

Малески сугерира дека Македонија треба да се повлече од своите позиции за самобитност и историски континуитет подолг од 1944 како што бара Бугарија заради тоа што според него сега веќе и Германија и ЕУ сметале дека макдонската историја е лажна.

“Повикот од претставниците на земјите членки на ЕУ кои, несомнено, консултирале и сопствени историчари за балканските историски јазли, е повик да го ускладиме нашиот историски и политички наратив со европскиот и светскиот. Не со бугарскиот како што мислиме ние. На потег се нашите историчари”, пишува Малевски во својот текст за Плусинфо.мк.

Со слична драма се соочува македонската историска мисла денес. Од некни, притисокот врз неа не е само од Софија туку и од Брисел. Ставањето на двата договора, Преспанскиот со Грција и оној за Добрососедтсво и соработка со Бугарија во текст предложен од Германија, со назнака дека се работи за „два крупни чекори кои би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешно толкување на историјата“ најавува турбулентни времиња не само за политичарите туку и за нашите историчари.

Наспроти јазикот на дипломатите кој теши дека се работи за сите земји на Балканот, алузијата од Брисел е јасна: се работи за нас. Дури би можело да се заклучи дека Унијата ни порачува дека исто онака како што не бевме во право кога ги поставивме темелите на нашиот идентитет и култура во античка Македонија, која нивната научна мисла ја смета за дел од светот на Хелените, сега не сме во право кога ја негираме заедничката историја со Бугарија. Повикот од претставниците на земјите членки на ЕУ кои, несомнено, консултирале и сопствени историчари за балканските историски јазли, е повик да го ускладиме нашиот историски и политички наратив со европскиот и светскиот. Не со бугарскиот како што мислиме ние. На потег се нашите историчари.

Што се однесува до политичарите, додека некои се во дилема како конструктивно да се постават кон тешкиот предизвик за земјата, други веќе почнаа да играат на „националната карта“ со Гоце, онака како што ја играа со Александар и „името“. „Национална карта“ која не чинеше залудно потрошени триесет години од нашите животи во погрешна битка”, пишува Малевски.

Тој на почетокот на македонската независност пред да стане министер за надворешни работи според сведочењето на првиот вицепремиер на независна Македонија Блаже Ристовски, не сакал да ја претставува Македонија поради југословенската идеја а во последно време тврди дека Гоце Делчев е Бугарин а Македонците и Бугарите биле еден народ до 1944.

Целата колумна на плусинфо.мк

Најчитано

Ако планира да продолжи заедно со Заев ќе застанат во редот заедно со Квислинг, Петен, Цар Борис 3, Недиќ, Павелиќ… https://www.expres.mk/carovska-dobi-teshka-shlakanica-od-tie-chija-shto-nauka-saka-da-ja-eliminira/

Вице Заев тврди дека нема докази за негов рекет – точни 10 % од обвинувањата за него