Најдобриот банкар за 2020 во Македонија останува прв човек на Стопанска банка а.д. Битола

Банкарот кој беше избран за најдобар банкарски менаџер во Македонија, Владимир Ефтимоски, повторно е избран за претседател и член на Управниот одобор на Стопанска банка а.д. Битола.



Наташа Несторовска е реизбрана за член на Одборот, соопшти денска банката на Македонска берза.

Ефтимоски и Несторовска ги избрал Надзорниот одбор, а по добиена формална согласност на Народната банка.

Ефтимоски на оваа позиција е од 2013 година односно веќе осум години. Тој има повеќегодишно искуство во банкарскиот систем во земјава. Важи за одличен познавач на финансиските текови.

Пред два месеци финансиски магазин ,,Finance Central Europe“ ја додели наградата ,„Најдобар банкар во Република Македонија за 2020 година“ токму на претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, Владимир Ефтимоски.