Гласањето со 61 глас од владеачките партии во Собранието за првата фаза на пописот формално значи дека во април во Македонија по 18 години ќе се спроведе долгоочекуваниот попис.
Но реално со гласањето на кое не учествуваше ВМРО-ДПМНЕ власта широко ги отвори вратите за бојкот на пописот.
Иако опозицијата досега јавно не зборувала за бојкот сепак јасно е дека со непочитување на правилата на Еуростат за пребројување на населението кое реално живее во земјата голем број од граѓаните и без повик на партии ќе го бојкотира пребројувањето на жителите.
И за политичките партии и за експертите и граѓаните најголем проблем е попишувањето на граѓаните кои што не живеат во земјава а ќе можат да бидат пријавени од нивни блиски роднини.
Тоа значи дека постои опасност луѓе кои со децении не живеат во Македонија да бидат пријавени во пописните резултати и со тоа драматично да се смени реалната бројка на население гледано и по етничка припадност.
Пособен проблем и причина за бојкот кој засега се заговара само на социјалните мрежи е промена на законот за државјанство според кој со сведоци ќе се дадат околу 70 илјади нови државјанства на луѓе кои не биле никогаш македонски државјани ниту живееле во Македонија.
Како што велат и пратеници на владеачката коалиција овие промени може да направат сериозен етнички дисбаланс во земја во која колективните етнички права се поврзани со бројката на граѓани.
Во македонските закони нема предвидени казни за бојкот на попис а во исто време граѓаните лично немаат бенефит од попишувањето што значи дека Македонија во април како чин на отпор кон потезите на власта може да и се случи нов Референдум 2018 кој беше неуспешен поради бојкот на речиси две третини од гласачите.
Парламентарното мнозинство даде виза за првата фаза од законот за попис
Трајанов: Не може „партизански“ до државјанство – со тројца сведоци





