Хелсиншки комитет реагира на одлуката на Владата која го разреши в.д. директорот на Казнено-поправната установа Скопје, Есад Рахиќ, а за нов директор го назначи Филип Андов, советник на премиерот Заев, кој претходно работел како менаџер на локални барови.



Разрешен е и директорот на Воспитно–поправниот дом Волковија на негово барање, а за нов директор беше назначен Даниел Антовски, кој претходно работел како наставник.

„Години наназад, апелираме на потребата да бидат назначени луѓе на раководните позиции во казнено–поправните установи, кои не само што имаат експертиза и искуство во затворскиот систем, туку се и сензибилизирани за потребата од унапредување и заштита на основните човекови права на осудените и притворените лица.

Поставувањето на несоодветни кадри е сосема спротивно на ваквите заложби и може да доведе до уназадување, наместо до унапредување на пенитенцијарниот систем во земјава“, се додава во соопштението на Хелсиншки комитет.