Во куче и во Заев верба нема – Пишува Ненад Живановски

Некаде во почетокот на септември Владата, изговорено од устата на премиерот Зоран Заев, најави дека на сите невработени ќе им доделела едонкратна помош од 6.000 денари. Овојпат тоа ќе биле пасивните невработени. Претходно, активните невработени зеле по 9.000 денари. Веројатно, поголем стомак имале тие, па треба и поголема помош да добијат. Како и да е, оваа влада мисли на своите најзагрозени граѓани и во овие тешки моменти не ги заборава и ќе им помогне. Така тогаш охрабруваше премиерот Заев.



Бидејќи во тој период бев во Македонија, решив и јас да се пријавам како пасивен невработен. Еднаш во животот и јас да имам некаква корист од државава, нешто и јас да земам, не само да давам. Знам дека многумина ќе ме осудат дека не е фер да живеам во друга држава, а овде да го искористам буџетот за нешто што етички не ми следува.

И јас така мислам! Еве, откако се иселив во Велика Британија, на избори воопшто не излегувам бидејќи сум убеден дека не е фер да живееш во странство, а да влијаеш кој ќе владее со паталците и со страдалниците што останаа да живеат во сивата зона на 12. круг од пеколот наречен Македонија.

Но, пред да ми судите, потсетете се на оној андроид, кој во човеколика форма се нарекува Никола Димитров, како бездушно си наплати од буџетот 45.000 евра за ќерка му да студира во Холандија, а која никогаш нема да се врати во Македонија за да го примени тоа знаење за кое државава ја платила да се школува! И понатаму верувате дека јас сум тој кој го оштетува буџетот?

Нејсе. Неколку недели по најавата од премиерот за помош, слушнав како министерката за труд и социјала (од што ми е небитна во животот, не ѝ го знам ни името) изјавува дека многу наши државјани кои живееле во странство поради помошта од 6.000 денари се пријавиле во Агенцијата за вработување, со што значително го зголемиле процентот на невработеност?! Кога го слушнав тоа, не можев да издржам, а да не ја отерам три пати во „три лепе п.м.“. Значи, кога сите ние решаваме да се исселиме од државава, тогаш со задоволство нè бришат од евиденцијата на Агенцијата и како големо достигнување на Владата трубат дека ја намалиле невработеноста (што не значи дека ја зголемиле вработеноста), а сега кога се случил реверзибилен процес – „пиштејне“ и „вриштејне“.

Но, да се вратам на моите 6.000 денари. Заев рекол, Заев порекол. Од лажго и крадец кој земал пари, па јас да бидам среќникот. Во најавата од пред некој ден за помош од 6.000 денари таксативно се наведени сите категории граѓани што ќе добијат помош, но пасивните невработени никаде ги нема. Исчезнаа, како воопшто и да не биле спомнати во септемвриската најава изговорена лично од устата на премиерот Заев. Аш! Саглам новинар кој на ова ќе го потсети и ќе го праша премиерот секако дека не вирее во оваа контаминирана земја.

Како и да е, еве ти ги Заев моите 6.000 денари! Великодушно ти ги подарувам, нека ти останат во буџетот, кој така душмански го крадете, како да ви е приватна сопственост оставена во наследство, а не праи собрани од сите сиромашни и напатени граѓани.

Во исто време додека трае кризата со коронавирусот во Македонија, погодени се и вработените во Велика Британија кои останаа без работа или приходите им се намалени. Во овие девет месеци јас три пати добив помош од државата: два пати по 1.250 фунти и еднаш 1.100 фунти. За крајот на јануари е најавена и четврта помош, која исто така нема да биде под 1.000 фунти. Некои ќе добијат и четири пати по 7.500 фунти. И тоа се пари кои директно ни беа уплатени на банкарска сметка, без никакви ограничувања и задолжувања за период во кој морате да ги потрошите, производи кои исклучиво морате да ги купите и слични глупости.

И, да, секој кој краде пари од буџетот – во Новата година му посакувам сè најлошо и дел од тие пари да ги потроши за купување домашни – лекови! Вклучувајќи ги и моите 6.000 денари.

Финалниот исказ на режисерот во 22.30 на ТВ Алфа
https://www.expres.mk/mitrevski-na-makedonija-i-se-podgotvuva-monstruozen-plan/