Пратениците со 61 гласа „за“, без ниту еден глас против и без воздржани на денешната собраниска седница констатираа дека предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, во прво читање е прифатлив и може да се проследи на натамошно читање.
Опозицијата не беше присутна во салата и не гласаше за пописот.
Пописот треба да започне на 1 април следната година.
За лицата – државјани на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство податоците од член 10 од овој закон ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати, при што го дава својот ЕМБГ и ЕМБГ на лицето за кое дава податоци во пописот.
За нив ќе се овозможи и самопопишување во периодот од 1 март до 21 април 2020 година на посебна апликација која е достапна на веб страницата на Државниот завод за статистика.





