Предметот историја не се укинува – ќе се спојува со други

По реакциите на социјалните мрежи дека се укинува предметот историја, министерката за образование и наука Мила Царовска, вели дека нема ништо спорно бидеји најмодерна пракса е спојувањето на предметот историја во општествни науки., пренесува СДК.



„Основното образование е базата на образованието и затоа промените ги започнуваме токму од овде. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици“, вели Царовска.