Министерката Царовска со изјава која за многу ученици се доживува како навреда.
Таа денеска се обиде да го објасни планот на МОН една хуманистички наука како историјата да се стави во ист предмет со општествени науки што наиде кај жестоки критики кај јавноста поради тоа што планот се поврзува со барањата на соседите да се поништи македонската историја.
Обидувајќи се да објасни Царовска влезе во нов проблем откако учениците ги прогласи за неспособни да ги поврзуваат предметите што учат.
„Оваа концепција е развојна и се темели на анализа на концепции кои даваат одлични резултати. Ова им помага на учениците да учат за одредени теми, и се дава можност учениците да го постигнат својот потенцијал. Стигнавме до концепција, модел кој наликува на Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме. Нашата идеја е да создадеме млади граѓани кои се европски настроени. Нашите ученици учат многу предмети, но не знааат да ги поврзуваат. На пример, за да зборувате за озон, или за култура, мора да поврзете многу аспекти и предмети“, изјави Царовска која апелира учениците и наставниците да ги следат реформите во образованието.
Според неа нема ништо спорно во спојување на хуманистички и општествени науки затоа што тврди дека најмодерна пракса е спојувањето на предметот историја во општествни науки, исто како што биологија и хемија се интегрираат во природни.
„Основното образование е базата на образованието и затоа промените ги започнуваме токму од овде. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици“, рече Царовска на прес-конференцијата по повод 100 дена Влада.






