Францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ објави карикатура на Господ во полициска „марица“ која го носи во затвор. Карикатурата е објавена на насловната страница денеска кога се очекува пресуда за осомничените за логистичка поддршка во нападите врз редакцијата на тој весник во 2015 година.



На карикатурата пишува „Бог повторно ставен на негово место“ (Dieu remis a sa place).

Магазинот беше мета на џихадисти во 2015 година: Утрото на 7 јануари 2015 година, двајца вооружени напаѓачи упаднаа во просториите на „Сарли Ебдо“ во Париз и убија 12 лица, а ранија 11 лица.

Со честите карикатури магазинот предизвика остри реакции од муслиманите ширум светот и тоа беше причината за нападот врз нивната реакција. Ниту една насловна страница, а особено онаа со пророкот Мухамед, не помина без протести.