Пратеникот Таско Ерменков од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) аргументира против преименувањето на празникот 24 Мај.



„Во Европа има три писма – латиница, кирилица и една и единствена што е крстена по државата – грчкото писмо, зошто само Грција пишува на него. И јас прашувам: бидејќи латиницата е измислена во Италија, во тоа време Римска империја, зошто не се нарекува ‘италијанска’ азбука, туку се нарекува ‘латиница’? Ова го прашувам, зошто ова прашање е истото како и со азбуката, која е словенска и е поврзана со браќата Кирил и Методиј и затоа се вели ‘кирилица’“, вели Ерменков.

„Немам ништо против тоа да биде празник на словенската литература, зошто навистина постои таква литература. Но, кога се ограничува празникот со бугарската азбука, широко им се отвора вратата на сите оние што пишуваат на таа азбука да си воведат празник на нивните азбуки. Со воведувањето празник на бугарската азбука единственото нешто што ќе се постигне е да се појават празници на руската азбука, на македонската азбука, на српската азбука и на други азбуки“, додава пратеникот на БСП.

„Не гледам со што се придонесува за големината на Бугарија, за делото на браќата Кирил и Методиј и со што се потцртува значењето на Бугарија во ширењето на оваа азбука. Напротив, широко се отвора вратата за дополнителни спорови“, заклучува Ерменков.