Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање да ја образложи мерката за забрана за работа на кафеаните по 18 часот вели:
„Имајќи предвид дека доаѓаат новогодишните празници, предновогодишната атмосфера на некој начин ги понесува граѓаните. Сметаме дека работното време до 18:00 часот, со нормално почитување на постоечките протоколи за време на нивната работа, нема да биде дополнителен ризик. Но, повеќе часови по крај на работното време сметаме дека се ризик“- рече Филипче.
Иако мерките даваат резултати, рече Филипче, ситуацијата се уште е критична, не смееме да дозволиме никакво опуштање.






