Путин му честиташе на Бајден

Рускиот претседател Владимир Путин во денеска му честиташе на Џо Бајден за победата на претседателските избори во САД во ноември, истакнувајќи дека се надева оти земјите ќе ги остават настрана своите разлики и ќе ја унапредат глобалната безбедност.



Путин му посака успех на новоизбраниот претседател:

„Јас сум подготвен да соработувам и да контактирам со вас“, се вели во соопштението на Кремљ.

Рускиот претседател беше еден од последните лидери на големите светски сили што се воздржа да му честита на Бајден, кој во понеделникот од страна на Изборниот колеџ беше потврден за следен претседател на САД.