Македонофил од САД до Бугарија: (Историски) „Ревизионизам“ жими задников

Нолан Гилис е вљубеник во Македонија од сојузната американска држава Ајдахо.



Сака коњи но мрзи политичко и секаков вид насилство вклучувајќи го бугарското врз Македонија.

Им посакува добра ноќ на сите, освен на западните новинари кои пишуваат за Македонија а не се потрудиле да направат повеќе истражувања од читање на замаглувањата дадени на Википедија.

“Бугарија вели дека Македонците вештачки го „србифицирале“ нивниот јазик, но тие (Бугарите) веројатно треба да им кажат на сите зошто први го русифицирале својот јазик пред да покажат со прст”, пишува македонофилот од Ајдахо.

„Ревизионизам“ (Историски) жими задников. Што имаат ревидирано Македонците? Не е контроверзно да се каже дека земја што застана на страната на Хитлер во Втората светска војна беше фашистичка, особено кога тие почнаа да тепаат луѓе и да ги испраќаат во логорите на смртта затоа што не зборуваат на нивниот јазик”, пишува Гилис кој објаснува дека
очигледно не се сите Бугари фашисти, бидејќи нивната влада беше соборена за време на војната по што се префрлија на победничката страна.

“Но тоа не го менува фактот дека пред тоа да се случи, Царот навистина беше фашист и се усогласи со Оската и брутално ги окупираше Вардарска и Егејска Македонија”, заклучува Гилис на Твитер.

Не му се оди од позицијата а не го брани ни владата ниту СДСМ

Конфузен поетско-отровен одговор на Димитров за негова интерпелација

Силувачите и тие што им аплаудираат лесно ќе се препознаат

Режисерот Митревски: Додека ја силуваат мајка Македонија, синовите аплаудираат (ВИДЕО)