Пендаровски контра САД и ЕУ: Русија не е закана туку пазар и извор на енергија

Македонскиот претседател Стево Пендаровски не смета дека Русија е закана за Македонија туку дека е повеќе извор на енергија и отворен странски пазар, јавува медиумот од Брисел Еуобзервер за кој шефот на државата дал интервју.



Пендаровски не очекува дека ако Македонија биде полу-заборавени од ЕУ ќе се случи нешто лошо во годините пред нас.

“Но, дури и ако про-ЕУ лидерите во земјата се држат до своите вредности, гласачите може да ја изгубат вербата во нив како одминува времето и да се свртат кон популистички политичари” , предупреди тој во интервјуто.

„Дали мислите дека ќе го имаме истиот кредибилитет зборувајќи за ЕУ, реформите и поддршката на нашите европски пријатели во Брисел, ако сме заглавени, не одиме никаде?“, смета претседателот.

“Гласачите ќе речат:” Дали Европа размислува за нас? Можеби не нè сакаат … Можеби треба да гледаме на други партии “, и евроскептиците можат да добијат земја”, вели Пендаровски.

Некои водачи на Западен Балкан, кога беа соочени со неуспеси на ЕУ, во минатото издаваа сериозни предупредувања за порастот на руското влијание или дури и за враќање на нестабилноста, пишува Еуобзервер кој пренесува дека за Пендаровски, Русија е повеќе извозен пазар и снабдувач на енергија отколку закана.

“Тоа е исто така негово „цврсто верување“ дека „судирите на Балканот завршија, нема ентузијазам за тоа. Не предвидувам да се случи нешто лошо во годините што доаѓаат дури и ако останеме, како што сме сега, полу-заборавени во Брисел“, пишува порталот за ставовите на Пендаровски во интервјуто.

Овој пристап на Пендаровски кон Русија се разликува од голем број на американски и европски фактори кои во Москва и Пекинг гледаат опасност за ширење влијание на Балканот.

Линк до текстот

https://euobserver.com/enlargement/150370