Заев си даде „фора“ уште еден мандат за ветените 500 евра плата

Ветувањето за 500 евра просечна плата од претходниот мандат премиерот Зоран Заев си го продолжи за до крајот на сегашниот, па до летото 2024 година вети дека таа ќе достигне 34.000 денари.



„Просечната плата со последните мерења беше 458 евра. Застаната е заради Ковид-кризата. Досега верувам дека 500-те евра ќе беа достигнати. Нашето ветување е 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата до крајот на овој владин мандат, а тоа е летото 2024 година. Верувам дека ќе успееме. Секако се надеваме дека напролет ќе одмине кризата“, одговори претседателот на Владата на новинарско прашање по отчетот за првите 100 дена од неговиот втор премиерски мандат.