Специјалниот претставник на премиерот Заев кој деновиве беше во посета на Софија како преговарач во спорот со Бугарија е најсериозен кандидат за иден амбасадор на Македонија во Софија, брифираат извори во МНР кои инсистираат на анонимност.
Бучковски е еден од кандидатите за нов прв дипломатски претставник во Софија откако од таму во март беше вратен екс амбасадорот Марјан Ѓорчев тврдат изворите кои не гледаат проблем во именувањето на екс премиерот затоа што и предходно македонски амбасадори во исто време биле и преговарачи во спорови на земјата.
Такви се примерите со Никола Димитров, Зоран Јолевски и Васко Наумовски кои беа амбасадори во САД и преговарачи во спорот со Грција.
Бучковски од владата веќе доби едногодишен мандат за својата функција преговарач со Бугарија која што според досегашните примери нема да биде контрадикторна со евентуалната функција амбасадор.
Бучковски пред повеќе од една година беше споменуван и како амбасадор во САД но од засега нејасни причини најверојатно поврзани со стравот дека е можно негово одбивање на Вашингтон, неговото име престана да се споменува во тој контекст.
Сега со јасната поддршка од Заев и СДСМ сдинствен проблем за неговото амбасадорување во Софија освен критиките од јавноста може да биде неговото криминално минато поради кое беше осуден на казна затвор.
Според бугарските дипломатски протоколи бугарското МНР не можело да влијае на неговиот избор за специјален претставник за спорот но Бучковски не може да добие агреман од Софија за амбасадор затоа што формално тој се води како осуден криминалец.
Се разбира во Бугарија овие протоколи може да бидат поинаку интерпретирани доколку Софија добие уверување од него и од Заев дека се подготвени за нови компромиси со кои историјата и идентитетот ќе бидат предмет на нови дефиниции кои се поблиски на Бугарија.





