Мицкоски не оди на лидерска средба на Пендаровски, мора да биде свикана од Заев

Три години власта лаже дека добива датум за ЕУ а во меѓувреме тонеме се повеќе во евроинтеграциите, изјави лидерот на СДСМ Христијан Мицкоски на прес конференција.



Тој вели дека ако опозицијата излезе од Собранието мнозинството веднаш ќе донесе закон за онлајн работа и ќе го донесе законот за марихуаната.

Ако не се обединиме сите со силна општествена поддршка против оваа власт Заев ќе владее уште 4 години а Македонија ќе продолжи да тоне, изјави Мицкоски.

Нема ниту еден проект за 4 години од оваа влада, порача лидерот на опозицијата кој најави дека нема да оди на лидерска средба ако ја организира претседателот Пендаровски.

Но дури и ако Владата сака на лидерската средба опозицијата да биде злоупотребена без да има суштинска дебата ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе соодветни мерки.

Изјавата и одговорите на прашањата во видеото

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/4055633921131180/