На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести експертите се согласиле да достават препорака до Кризниот штаб и Владата, угостителските објекти од петок (18-ти декември) до 21-ви јануари да работат до 18 часот
На состанокот присуствувале и членови на независната угостителска комора.
Тие побарале новогодишните прослави да се одвиваат со протоколи, наместо без протоколи во приватни викендици, вили и во неконтролирани услови.
Најавија и прес-конференција за во 10 часот бидејќи имаа сосема поинакви предлози и ниту еден од нив не беше прифатен од Комисијата.






