Американскиот мултимилијардер Бил Гејтс, кој донираше милиони за производство на вакцина против ковид-19, смета до летото 2021 година, САД „треба да бидат многу поблиску до нормалното отколку што е сега“, но дека целосното враќање во нормала ќе биде можно дури vо 2022 година.
Милијардерот за Си-ен-ен вчера изјави дека постои ризик од враќање на вирусот „ако не им помогнеме на другите земји да се ослободат од овие болести и ако стапката на вакцинација во САД не ее висока“, пренесува Индекс.
Гејтс смета дека треба и натаму да продолжи забраната за големи собири.
Според него, баровите и рестораните во САД треба да бидат затворени во следните четири до шест месеци.




