Според 100 обработени гласови, Сашко Николов со 11.668 гласа победи на вчерашните избори за градоначалник на Штип.
Кандидатот на Интегра-Македонска конзервативна партија, Симон Поликарп, е втор со освоени 1.198 гласови.

Лазар Наумов од партијата ТМРО со 282 гласови е предпоследен во трката за градоначалник, 280 гласови Трајче Митев од група избирачи, а со најмал број освоени гласови e Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“, составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија освои 265 гласови.
Доколку во периодот од 48 часа нема приговори за гласањето и нема прегласување, Сашко Николов, досегашен пратеник, ќе биде избран за градоначалник во првиот круг на гласањето.





