Вакцините ќе се чуваат во соби пред кои се собира вода во пластични садови

Министерот за здравство Венко Филипче денеска посетил дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за ковид-19, односно дистрибутери кои се вклучени во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини.



Филипче тврди дека се исполнети сите безбедносни услови за чување на вакцината иако на фотографијата од денешниот настан се гледаат жици како висат од плафонот на објектот.

Сега уште останува да се молиме да не дојде до спој на струјата покрај која низ црева тече вода од климите која се собира во пластични садови.

И да се надеваме дека дежурните фармацевти и здравствени работници нема да заборават да ја истурат водата кога садовите ќе бидат наполнети за да не истече на подот и да направи други бељи.