Фудбалскиот клуб Вардар со неформална реакција преку својот Твитер профил на изјавата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов кој обвинувајќи ја Македонија за манипулација лаже дека ФК Вардар бил прикажан како првак на Царството Бугарија во 1943 година.
Гледај до крај 🤣, што се тресе главниот “овластен” Бугарски преговарач pic.twitter.com/jVaAe3t53A
— Демир (@Trollowsky) December 13, 2020
Каракачанов го цитира филмот “Трето Полувреме” во кое според него ФК Вардар бил бугарски шампион.
“Ауу сине…”, стои во кратката реакција на ФК Вардар која алудира на изјава на српски “претскажувач” кој на гледач му порачува дека “се боде”.
Аууу синее…
— FK Vardar (@FKVardar) December 13, 2020
Дел од шегите на сметка на Каракачанов се однесуваат и на неговата изјава според која доказ дека Заев е добар Бугарин е што наредниот ден му текнувало што кажувал.
Сега од бугарскиот вицепремиер се чека утре да му текне што кажал денеска.
Освен што лаже за ФК Вардар затоа што во филмот се збори за ФК Македонија Каракачанов лаже и кога е снимен филмот.
Филмот кој бугарските власти сакат да го забранат и кој подолго време не се емитува на МТВ е снимен во 2012 година а не како што тврди Каракачанов во 2016 година.
ТВ Алфа за утре најави почеток на емитување на интервју трилогија во која режисерот Митревски зборува и за ова тема и заканите од Бугарија по неговиот живот.
Повеќе
Алфа ТВ најавува историско интервју за минатото, сегашноста и историјата (ВИДЕО)






