Телеком ќе потроши половина милион евра за новогодишен бонус

Сите вработени во Македонски Телеком АД за нова година ќе добијат бонус од 500 евра.



Ова е одлука на менаџментот на компанијата која е сопственик на најголемиот телеком бизнис во Македонија, брифираат неофицијално високи претставници на фирмата лидер на пазарот на телекомуникациски услуги.

Бонусот ќе го добијат сите вработени без исклучок на каква позиција работат и од кога се вработени.

Официјално Македонски телеком се уште не ја информира јавноста за одлуката на повеќе од 1000 свои вработени да им даде вкупно околу половина милион евра.

Одлуката за доделување бонуси на богатата фирма се случува во најтешката економска криза во Македонија кога десетици илјади луѓе останаа без работа.

Нејасно е дали за ваквата одлука е консултирана македонската влада која што е акционер во компанијата и која не објави ништо за оваа одлука.

Според најавите во понеделник менаџментот на компанијата ќе решава за предлогот на владата за именување на неколку нови членови на Управниот одбор, некои од нив со крајно спорна биографија.

Директорот на Телеком Љушев молчи за контроверзните соработници што му ги избра Заев