Во интервју за БНР, бугарскиот историчаро Воин Божинов, член на Институтот за историски истражувања при БАН, вели дека средбата на Владо Бучковски со претседателката на опозициската социјалистичка партија Корнелија Нинова не поминала така како што очекувал специјалниот пратеник на македонската влада.
„ Средбата на Бучковски со Корнелија Нинова беше многу интересна бидејќи скопската страна очигледно сакаше да ги испита плановите на најголемата опозициска партија.
Но, тој ја напушти Софија со подвиткана опашка…
Нашата дипломатија мора да има крајно рафинирани начини на дејствување – од една страна да ги заштити нашите национални интереси, а од друга – да покаже дека РМ има место во нашето европско семејство со цел во него да не започнуваат никакви деструктивни процеси, што може да доведе до нејзини распаѓање“, вели Воин Божинов.
Тој вели дека во интерес на Бугарија е Македонија да постои како независна држава, бидејќи нејзиното присуство на картата ја раскинува копнената врска помеѓу Србите и Грците, што е од голем интерес за нас, бидејќи тоа е граница што секогаш ја гушеше Бугарија.
И Божинов тврди дека во Македонија постоела антибугарска хистерија и без пардон – навредува.
„Во моментов во Република Македонија владее антибугарска хистерија, што покажува дека македонизмот не е само идеологија, туку и ментално отстапување …






