Победникот од Лигата на шампионите е носител на трофејот и во Супер купот на УЕФА, а за славјето на Реал Мадрид против Манчестер Јунајтед (2-1) во Скопје нивниот тренер вели дека е презадоволен од се: игра, тимски дух, прикажано, пехарот.
„Завршивме голема работа, во првиот дел бевме спектакуларни, па потоа малку потфрливме, но сепак титулата доаѓа во Мадрид. Екипата и тимскиот дух се нашиот адут. Имаме квалитет, но имаме и друи атрибути кои ги покажуваме. Кристијано тренираше само три дена, но многу важно е што дојде тука. Играше десет минути и придонесе за уште еден трофеј. В недела веќе имаме ново финале и ќе биде поподготвен. Многу сум задоволен за сите фудбалери и за претседателот“, изјави Зинедин Зидан по натпреварот.
Зизу само годинава на Реал му донесе три победи во Примера, ЛШ и во Супер купот, а се ќе може да заокружи на Светскиот клупски шампионат во декември во Јапонија.





