Специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски, денеска се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети со кого разговарале за спроведувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија.
Ахмети дал целосна поддршка за интензивниот дијалог и изразил доверба дека решението е брзо достижно без ниту една последица врз јазикот и културата кои не се дел од спорот и дијалогот, соопштија од ДУИ.
„Европскиот дух на постигнување на Договорот треба да преовладува и за време неговото спроведување, без одолговлекувања и како дел од
преговарачката рамка на односите помеѓу соседите, но и во рамките на уставните определби за немање на територијални претензии спрема нашите соседи“, се вели во партиското соопштение.





