Нема официјална реакција од Македонија на секојдневните отворени закани од Софија кои одат од негирање на се што е македонско преку тврдењата дека и историјата и јазикот па и народот овде е со подзаборавена или потисната бугарска свест, па се до отворените територијални претензии.
Но затоа, во стилот на онаа „држте го крадецот“ бугарските власти, но и историчари, интелектуалци новинари во хор постојано укажуваат на наводниот говор на омраза од Македонија, се архивираат објави на социјалните мрежи со содржини кои во Софија се оценуваат како навредливи за бугарската држава, народ, историја па дури и дека претставуваат отворена „закана“…
Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во една од последните изјави дека антибугарската кампања стигнала до таму што Макднија се обидува да ја дискредитира Бугарија и во европските институции…
Реалноста е сепак сосема спротивна.
Порталот ММС објавува дел од од интернет страниците со отворен говор на омраза кон Македонија до кој, како што велат, може да се стигне со „неколку кликови“…









