Иранските власти го погубија новинарот Рухолах Зам (47), кој со свои написи наводно ги инспирирал протестите во Иран во 2017 годин .
Егзекуцијата била извршена рано утрово, откако прогонетиот Зам се вратил во Техеран под мистериозни околности.
Иранската државна телевизија и државната новинска агенција ИРНА јавија дека Рухолах Зам бил обесен.
Иранскиот суд му изрече најтешка казна на новинарот во јуни годинава и ја објасни својата одлука со казнување „за овоземска корупција“, што е формулација која категоризира дела што вклучуваат шпионажа и обиди за уривање на иранската влада и држава.





