И К. Блажевска во напад на Бојко и Краси: „Историската вистина“ е самоубиство на рати

Фото: ТВ Телма



Три и пол години по потписот на Договорот со Бугарија и сите илјадници предупредувањата на јавноста дека тој е штетен и не може да донесе ништо добро колумнистката на призма.мк Катерина Блажевска во својот последен текст остро ги напаѓа бугарските лидери.

Блажевска во колумната не ги споменува македонските власти, Заев, Пендаровски, Димитров кои до пред еден месец Бојко го нарекуваа „хубави“ и „брат“ но затоа по 3 и пол години таа жестоко ги напаѓа Борисов, Радев, Каракачанов, Захариева.

Одговорните во власта, кои што за разлика од сите други, навреме не видоа како ќе заврши одисејата преку Бугарија во ЕУ не се дел од анализата објавена од Призма.мк од каде дозволуваат преземање само на 30 % од текстот.

„Со такви ставови, и под такви услови, нема простор за разговори. Наивно звучат надежите на домашни политичари, дека состојбата ќе омекне по изборите во Бугарија. Вистината е дека која било гарнитура да дојде на власт, ќе се држи до истата рамковна позиција.

Ако нашиот почеток на преговори од ЕУ треба да биде овозможен под услов да
гарантираме дека еден ден ќе ја прифатиме едностраната „историска вистина“, тоа ќе биде самоубиство на рати, еден маѓепсан круг во кој постојано ќе налетуваме на истите идентитетски мини.

Ова е натпревар, чиј резултат не зависи од играчите, ако едниот тим одредува какви дресови смеат да носат во другиот тим, ако одредува каква е етногенезата на јазикот на кој другите ја пеат својата химна, ако одредува кој смее да стои на мрежата на противникот, односно кој има право да биде дел од неговата историската „репрезентација“, пишува некогаш една од најпочитуваните и најостри македонски новинари Блажевска во задоцнетата колумна која веќе нема никаков ефект.

На Блажевска последниве години од доаѓањето на СДСМ на власт главна тема на пишување и е опозицијата наспроти власта која и покрај катастрофалните резултати и политики речиси и да ја нема во нејзините текстови.

Целата колумна на овој линк
.