Со прифаќањето на македонската страна заеднички да се слават Св. Кирил и Методиј Македонците прифатиле да чествуваат бугарски великани.
Ова е заклучокот откако пред две години историската комисија под притисок на владата прифати заедничко чествување на сесловенските просветители кои од пред два дена според бугарски законик тие станаа бугарски просветители.
Во анализата “Демаскирани итроштини на Софија за таканаречените „заеднички чествувања“, која за Нова Македонија ја пишува Далибор Станковиќ се опишува пеколниот план на Софија кој засега тече успешно.
Со планот, ако нема промена во македонските позиции еден ден ќе треба на спомениците на светите Кирил и Методиј да ставаме табли со објаснување дека се дел од бугарската култура како што е тоа сега случај со Филип и Александар.
“Со бугарското преименување на празникот Св. Кирил и Методиј ќе излезе дека сме договорени заеднички да ги славиме бугарската азбука, просвета и култура
Итроштините на официјална Софија не престануваат. На 9.12.2020 бугарското собрание го преименува славењето на 24 Мај во чест на светите браќа Кирил и Методиј во „празник на бугарската азбука, просвета и култура“. Сега тој официјално се нарекува „ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“.
Со тоа практично, за некои од прашањата од историски карактер, за кои некако се најде некаков заеднички „разумен компромис“, (како на пример за прашањето за словенската писменост и заслугата на браќата Кирил и Методиј), односно за заедничко прославување од страна на двата народа, сега официјална Софија во својот национален парламент, пост фестум, со политикантски заткулисни пресметани нечесни игри, изгласува преименување на празникот и негово директно врзување со бугарската азбука, просвета и култура. Со таквото „ребрендирање“ на празникот, но и на светите браќа Кирил и Методиј, излегува дека македонскиот народ ќе ги чествува бугарската азбука, просвета и култура, создадени од Кирил и Методиј?!”, пишува Станковиќ за Нова Македонија.
Целиот текст ОВДЕ




